Агелер: Ја изразив нашата поддршка за независното обвинителство

Американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер, денеска се сретна со првиот човек на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.

Како што соопштија од американската амбасада во Скопје на социјалните мрежи, Агелер на средбата со Бубевски ја изразила својата поддршка за независното обвинителство.

„Ја изразив нашата поддршка за независното обвинителство, кое е клучно за унапредување на владеењето на правото и евроатлантските интеграции на Македонија. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување, истакна амбасадорот Агелер“, се вели во соопштението на американската амбасада.