Пејачката Марија Шерифовиќ одговори на прашањата на своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм и во таа прилика откри дали планира да се омажи.
– Не сакам да се мажам. Мислам дека е бесмислено, хартијата само прави проблем. Ако луѓето се сакаат, каква е користта од таа хартија? Ги разбирам луѓето кои се многу религиозни, па сакаат да направат црковна венчавка. Јас верувам дека хартијата носи само проблеми, дополнително оптоварување и најмногу проблеми во моментот кога сакаш да се разведеш – изјави Марија.
Нејзините следбеници ги интересираше и дали евровизискатс победничка некогаш била во врска, а Марија на таа тема беше кратка, но јасна:

– Мислам дека сум и дека во некоја фаза од животот сите сме биле во врска која не била баш најздрава.
Ваквиот став предизвика масовни реакции и додека една група целосно се согласува со Марија дека бракот склучен пред матичар всушност не се поистоветува со љубов, други сепак сметаат дека таа хартија е важна.