Ако си го исполни ветувањето, познатиот Аргентинец ќе остане без тестиси: Даде луда прогноза, сега цела планета го чека епилогот!

Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа спектакуларен натпревар во плеј-офот од Лигата на шампионите, а „кралскиот“ клуб славеше по пресвртот со резултат 3:2 .

Победата на Реал може да го стави во многу непријатна ситуација легендарниот Серхио Агуеро, кој во гостувањето на подкастот „Som I Serem FCB“ рече дека ќе си ги отсече тестисите доколку мадриѓаните го победат Сити.

– ,,Реал Мадрид не може да го победи Сити. Ако тоа се случи, ќе се соблечам гол и ќе направам превртување наназад низ улиците на Манчестер. Ако Реал го победи Сити, ќе си ги отсечам тестисите. Тоа едноставно не може да се случи“, истакна Агуеро, а неговите зборови сега станаа вирални.

Дали Аргентинецот ќе го исполни ветувањето или ќе признае дека не е добар прогнозер, останува да видиме.

ggg.jpg

За потсетување, Сити двапати водеше благодарение на головите на Ерлинг Халанд, но Реал во последните минути преку Џуд Белингем во 92. минута зголеми на 2:3. Пред тоа стрелци за Реал беа Килијан Мбапе и Брахим Дијаз.