Акустичната гитара на Џон Ленон продадена за 2,8 милиони долари

– Акустичната гитара на популарниот музичар Џон Ленон е продадена за 2,8 милиони долари (околу 2,6 милиони евра) на аукција во Њујорк, Соединетите Американски Држави.

Познатата гитара „Framus Hootenanny“ што ја користел Ленон во 1964 година е пронајдена по 50 години на поткровје во Англија.

Гитарата беше продадена на аукција во кафулето „Хард рок“ во Њујорк вчера за точно 2.857.500 долари.

Гитарата била во сопственост на Џон Ленон, а тој ја користел заедно со Џорџ Харисон за време на снимањето на албумот на Битлси „Хелп!“ (1965).

Од аукциската куќа соопштија дека овој инструмент е меѓу петте најскапи гитари некогаш продадени на аукција.