Министерот за здравство, Азир Алиу, објавува дека во рок од само 45 дена и во рекордно време, создадени се над 1.250 работни места во 85 јавни здравствени установи низ целата земја, како дел од стратешкиот процес за зајакнување на човечките ресурси во здравствениот систем.
Министерот најавува дека до овој момент во рамките на процесот се спроведени над 1.700 тестови.
„Ова е важно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација и конечно решение за статусот на сите оние луѓе кои со години немале сигурност, здравствено осигурување, формални работни односи и биле под постојан стрес. Сега, со овој чекор, тие добија достоинствено место во системот“, рече министерот Алиу.
Со оваа стабилизација на рамката, Министерството за здравство испраќа силна порака за континуирана грижа и инвестирање во човечки капитал, како предуслов за поквалитетни здравствени услуги за сите граѓани.