Американската актерка Емили Кимбал гордо ги покажа своите неизбричени пазуви на премиерата на серијата „Декстер: Воскресение“ во Њујорк и јасно стави до знаење дека нема ништо спорно во тоа.
Таа на овој настан пристигнала расположена, а во еден момент ги кренала рацете и позирала за присутните фоторепортери.
Многу познати дами долго време промовираат позитивност кон телото, или безусловна љубов кон сопственото тело. Ова вклучува, меѓу другото, и престанок со бричење.

Гореспоменатата серија ја раскажува приказната за Декстер Морган (Мајкл Ц. Хол), кој се буди од кома откако е застрелан од неговиот син Харисон Морган (Џек Алкот). Декстер се упатува кон Њујорк со намера да го пронајде и да ги смири работите.
Кимбал ја започна својата актерска кариера пред 10 години. Откако се приклучи на синдикатот на Screen Actors Guild – American Federation of Television and Radio Artists во 2017 година и се пресели во Лос Анџелес, таа соработуваше со неколку големи компании како што се Netflix, Apple TV и Hulu.
Некои од сериите во кои таа досега глумеше се „Платонски“ (2023), „Дејзи Џонс и Шестте“ (2023) и „Ву-Танг: Американска сага“ (2019).