Американскиот претседател Трамп ги обвини Кина, Северна Кореја и Русија за заговор против неговата земја
– Кина одржува голема воена парада претставувајќи ја воената моќ, а американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини лидерите на Кина, Северна Кореја и Русија за заговор против неговата земја.
На својот профил на социјалните мрежи Трамп објави:
„Најважното прашање на кое треба да се одговори е дали кинескиот претседател Си ќе ја спомене огромната поддршка и ‘крв’ што Соединетите Американски Држави ѝ ги дадоа на Кина за да ѝ помогнат да ја обезбеди својата слобода од многу непријателскиот странски напаѓач.“
Посочувајќи дека голем број Американци ги загубија своите животи во борбата на Кина за победа, Трамп изрази надеж дека нивната храброст и жртва ќе бидат „со право почитувани и запомнети“.
Обвинувајќи ги лидерите на Кина, Северна Кореја и Русија за заговор против САД, Трамп во објавата напиша:
„Претседателот Си и прекрасниот народ на Кина нека имаат прекрасен и траен ден на прослава. Ве молам, пренесете ги моите најтопли поздрави до (рускиот претседател) Владимир Путин и (севернокорејскиот лидер) Ким Џонг Ун додека коваат заговор против САД.“
Интересен е фактот дека ова е објавено на 3 септември, ден кога се одржува голема воена парада на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, во рамките на прославата на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Кина.
– Церемонии
Како дел од парадите на историскиот плоштад, Кина ги претставува своите воени капацитети од нова генерација, вклучително и нови беспилотни летала, кибернетички и електронски воени возила и хиперсонично оружје.
Се очекува на парадите да присуствуваат лидерите на Русија, Иран, Пакистан, Монголија, Северна Кореја, Мјанмар, Словачка, Србија, Узбекистан и Белорусија.