Американскиот тиктокер Џастус Рид откри како напредува реновирањето на куќата што ја купил: Моите соседи ми помагаат

Американскиот TikToker Џастус Рид неодамна откри дека купил куќа во Хрватска вредна 5.000 долари, а сега сподели со своите следбеници како напредува реновирањето.

Имено, тој на својот ТикТок покажа како уредил една соба.

„Со недели спиев на кревет за кампување. Денес го менуваме тоа. Моите соседи многу ми помагаат“, рече тој.

Тој истакнува дека е возбуден што конечно има вистински кревет. Како што тврди, проблемот за достава на мебел бил калливиот пат што води до куќата, но соседите им помогнале на неговите доставувачи да ги однесат работите до нивната дестинација.

Уште неколку соседи му притрчаа на помош и за еден ден го составија мебелот за собата. Џустус ја опреми собата со брачен кревет, биро, стол и гардеробер.

„Конечно собата беше завршена. Само пред неколку недели оваа соба смрдеше, покриена со пајаци и обоена во сино. Сè уште немам вода и струја, но ова е голема работа за мене“, рече тој.

Тој вели дека сè уште има многу работа, но сега има место за спиење. Пред неколку недели објави дека ја поминал првата ноќ во куќата и ги објасни проблемите со кои се соочил. Најголемиот предизвик за него беше тоа што немал струја ниту вода.