Американските боксери се повлекоа од светската асоцијација

0

– Американската боксерска федерација (USA Boxing), која ја претставува најуспешната земја во олимписката историја на овој спорт, се повлече од членство во Меѓународната боксерска асоцијација (IBA) и ќе ѝ се приклучи на отцепената федерација Ворлд Боксинг (World Boxing).

Извршниот директор на американската Федерација, Мајк Мекати, преку писмо ги извести членовите дека повлекувањето стапува на сила веднаш.

„USA Boxing веднаш ќе почне со процесот на аплицирање за World Boxing и ќе го поднесе потребното барање на 1 мај или приближно околу тој датум“, најави Мекати.

Регистрирано порано овој месец во Швајцарија од повеќе земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, отцепениот Ворлд Боксинг изрази загриженост поради олимписката иднина на боксот.

Од своја страна, ИБА, раководена од Русинот Умар Кремлев, која Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја суспендираше во 2019 година, го осуди формирањето на Ворлд Боксинг, нарекувајќи ја „арамиска“ организација.