,,Американците ги сакаат нашите ресурси, вода, земја!” – Овој човек ја презема функцијата од Трудо како премиер на Канада – „Не смее да се дозволи Трамп да победи“ (ФОТО)

Канадската владејачка партија го избра Марк Карни за нов лидер и иден премиер, бидејќи земјата се соочува со „црни денови“ поради заканите од нејзиниот сосед, американскиот претседател Доналд Трамп.

Откако доби долги овации од активистите на Либералната партија, Карни веднаш ги осуди изјавите на американскиот републикански претседател.

„Американците ги сакаат нашите ресурси, нашата вода, нашата земја, нашата почва“, предупреди Карни по неговата изборна победа.

xxx01 EPA Нил Хол.jpg

Американскиот претседател започна трговска војна со својот сосед со воведување царини за канадски производи и продолжува да вели дека сака Канада да стане „51 држава во Америка“.

„Ова се црни денови, мрачни денови донесени од земја (САД) на која повеќе не можеме да и’ веруваме“, рече новиот канадски лидер, оценувајќи дека „не смее да се дозволи Трамп да победи“.

Карни (59), поранешен банкар и политички почетник, вети дека „ќе изгради нова економија и ќе создаде нови трговски односи“.

Тој и официјално ќе стане премиер во наредните денови, откако му ги предаде должностите на Џастин Трудо, кој на почетокот на јануари најави оставка по речиси десет години на власт.

profimedia-0939501061.jpg

Сепак, Карни можеби нема долго да остане на функцијата, бидејќи Канада треба да одржи избори најдоцна до октомври.

Карни во неделата доби 85,9 отсто од гласовите од активистите на Либералната партија, далеку пред поранешната министерка за финансии Кристија Фриланд која доби само осум отсто од гласовите.