Ана Ивановиќ се огласи ФОТО

Се огласи познатата тенисерка Ана Ивановиќ од Маурициус каде моментално ужива.

Според германските медиуми, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер наводно се разведуваат по девет години брак, но веста се уште не е официјално потврдена.

И додека целиот свет шпекулира дали се работи за маркетиншки трик, или оваа вест е навистина точна, ниту Бастијан ниту Ана официјално не ги потврдија наводите.

Откако во светските и домашните медиуми се слушна веста дека славната двојка наводно се разведува, обожавателите на фудбалерите и тенисерите будно ги следат нивните објави на социјалните мрежи и се обидуваат да протолкуваат што се крие зад фотографиите. Сега се огласи Ана Ивановиќ.

„Совршена комбинација – тенис и плажа“, напиша таа покрај серијата фотографии.

Ана Ивановиќ сподели серија нови фотографии, на кои повторно ја гледаме на тенискиот терен.

Ана Ивановиќ објави ФОТО

Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер многумина ги сметаат за идеален пар, а често објавуваа и фотографии од приватниот живот на кои ја покажаа љубовта еден кон друг. 

Потсетуваме дека нивната љубовна приказна започна во 2014 година, а парот има три деца.