Антонио Гутереш: “Јавниот ред во Појасот Газа најверојатно целосно ќе се урне“

0

Првиот човек на Обединетите нации предупреди дека очекува „јавниот ред наскоро целосно да се урне поради очајните услови“ во Појасот Газа, што во моментов е под големо израелско бомбардирање.

Хуманитарните услови среде војната меѓу Израел и Хамас „брзо се влошуваат во катастрофа со потенцијално неповратни импликации за Палестинците како целина“, наведе генералниот секретар Антонио Гутереш во писмото до претседателот на Советот за безбедност.