АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО КИЕВ ПО РУСКИОТ НАПАД Зеленски ги брои мртвите, Трамп најавува нова рунда санкции

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да продолжи со нова рунда санкции. Трамп не прецизираше што тој замислува како „втора фаза“ од санкциите против Русија. Воздушниот напад врз Киев беше дел од рекорден ноќен напад во кој беа истрелани вкупно најмалку 805 дронови и 13 ракети кон градови низ Украина. Украинската премиерка Јулија Свириденко го повика светот да „одговори на ова уништување не само со зборови, туку и со дела“. Владимир Путин досега во голема мера се воздржа од таргетирање на владини згради во историскиот центар на Киев.

Апокалиптични сцени во Киев по последниот руски напад:

„Русија избегнува самит со Украина“

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека Русија се обидува да избегне самит со Украина и Соединетите Американски Држави и наместо тоа продолжува да ја напаѓа Украина.

„Три недели по самитот во Алјаска, мора да разбереме дека Русија користи секој изговор за да ја продолжи својата војна и да го избегне трилатералниот самит“, рече Вадефул, обраќајќи се пред собирот на амбасадори во Берлин, според Ројтерс.

Уапсен е Азербејџанец кој подготвувал терористички напади во Русија

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) уапси азербејџански државјанин кој подготвувал терористички напади во градовите Јесентуки и Ставропол по налог на украинска терористичка организација.

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација спречи уште еден обид на украинскиот режим да изврши низа диверзии и терористички напади на територијата на нашата земја“, се вели во соопштението на ФСБ.

Приведениот државјанин на Азербејџан се приклучил на забранета украинска терористичка организација. Тој извршил извидување на објекти, вклучувајќи административни згради и транспортна инфраструктура во Јесентуки и Ставропол, и набавувал материјали за производство на експлозивни направи, кои ги поставил во скривалиштето.

Според ФСБ, уапсениот планирал да состави неколку импровизирани експлозивни направи користејќи ги своите вештини стекнати со служење во специјални единици. Од него биле одземени компоненти за експлозивни направи, средства за комуникација и докази за неговите активности.
 

Генералштабот на Украина известува за успесите во регионот Донецк

Украинските одбранбени сили презедоа целосна контрола врз селото Зарично во регионот Донецк, соопшти Генералштабот на земјата.

Силите на 425-от посебен јуришен полк „скеле“ целосно ја презедоа контролата врз селото Зарично во Донецката област“, ​​се наведува во извештајот на Вооружените сили на Украина.

Руските сили нападнаа термоцентрала во регионот на Киев

Руските сили нападнаа термоцентрала во Киевската област, соопшти утрово украинското Министерство за енергетика.

Во соопштението се наведува дека е очигледно дека целта на нападот е да предизвика уште поголеми тешкотии во животот на жителите на Украина и „да ги остави украинските куќи, болници, градинки и училишта без светла и греење“.