Арсовска: И политиката има вмешано прсти во протестите на приватните автобуси

0

 Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, соопшти дека се ревидира проектот за јавен брз транспорт што го наследи од нејзиниот претходник Петре Шилегов, отстранети се недостатоците. Таа за Радио Слободна Европа вели дека станува збор за сериозна реформа.

„Така што сега тука треба да се направи сериозна реформа. Планот се ревидира, бидејќи имаше голем број на недостатоци кои ги констатиравме, имајќи предвид дека пред мислењето беа истакнати голем број забелешки, не само за трасата туку и за начинот на кој таа ќе се реализира, нешто дека долго време преговараме и она што сакаме да го понудиме е најдоброто решение за градот“.

Арсовска прашана за хаосот создаден во главниот град, имајќи ги предвид протестите на приватните превозници, немањето автобуси и револтот на граѓаните рече дека протестот е легитимно право на секој што сака да изрази незадоволство.

„Легитимно право е правото на протест на секој кој мисли дека има што да каже пред јавноста. Но, и наше право е да се обидеме да направиме нешто што ќе биде подобро за сите граѓани, а не само за малкумина засегнати, чиј комфорт е загрозен“.

Претседателката Арсовска рече дека политиката има навистина сериозно вмешано прсти во сите овие случувања. Според неа, политиката треба да има свое место и тоа место не е тука и не треба да биде во сите овие јавни дејности кои институциите треба да ги вршат во интерес на граѓаните. „Нашите односи со ВМРО-ДПМНЕ не се влошени. Реков дека имам пријатели од сите политички убедувања, но тука се работи за личности, а не за опции. Има проблем со оние кои водат, а кои мислат дека некој им должи, затоа што на овие избори некого поддржале, изјави градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.