Ахмети изрази сочувство за папата Франциско: Беше пример за посветеност на Бога, Црквата и човештвото

Претседателот на ДУИ Али Ахмети изрази сочувство за смртта на папата Франциско. Во објава на Фејсбук напиша дека со длабока тага ја примил веста за смртта на папата Франциско.

„Папата Франциско во текот на целиот свој живот беше пример за посветеност на Бога, Црквата и човештвото. Тој проповедаше мир, љубов, понизност и солидарност, како силен глас во одбрана на најсиромашните и маргинализираните.

Hеговите пораки за меѓуверски дијалог, соживот и универзални вредности ќе останат инспиративно наследство за милиони луѓе ширум светот, вклучително и во нашите општества.

Во овие моменти на жалост изразувам најискрено сочувство до католичките верници и сите оние кои нашле инспирација во неговото духовно раководство“, напиша Ахмети.