Бајден нареди: Во Европа ќе испратиме 3000 војници

Американскиот претседател Џозеф Бајден вечерва го овласти Пентагон да испрати до 3.000 резервисти на американската армија во Европа.

– Ги овластувам државниот секретар, секретарот за домашна безбедност и крајбрежната стража, кога не дејствува како служба во морнарицата, да нареди на активна должност која било единица или поединечни членови кои не се назначени никаде, да бидат во служба на командата на САД во Европа. Тој број не треба да надминува 3.000 војници – рече Бајден.

Исто така, од тој број, околу 450 лица од индивидуалните резервни сили ќе бидат распоредени во USEUCOM (Европска команда на САД).