Бајден ја нападна Меланија, а потоа отиде чекор понатаму: Тоа нема да се случи!

Синот на поранешниот американски претседател Џо Бајден, Хантер, изјави дека нема да ѝ се извини на првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, за недокажаното тврдење дека Џефри Епштајн ја запознал со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој го кажа ова со пцовки за време на интервјуто што го водеше Ендру Калаган за Канал 5, објави ABC News.

– У… тоа. Тоа нема да се случи –  рече Хантер Бајден .

Конфликтот меѓу Меланија Трамп и синот на поранешниот претседател започна на почетокот на август, кога тој, како гостин на Канал 5, изјави дека Епштајн, богат финансиер и осуден сексуален престапник кој изврши самоубиство во затвор во 2019 година, првпат ја запознал Меланија Трамп со нејзиниот иден сопруг, што адвокатот на Меланија Трамп го нарече невистинито и „екстремно провокативно“ во писмо што му го испрати на Бајден минатата недела, најавувајќи дека ќе го тужи ако не се извини.

– Епштајн и Трамп се познаваа добро, поминуваа огромно време заедно –  рече Хантер Бајден, осврнувајќи се на пасус од книга напишана од Мајкл Волф, биографот на Трамп.

Трамп го критикуваше Волф како „третокласен новинар“ и доведе во прашање многу од анегдотите што Волф ги напиша за него и неговото семејство. 

„Доколку сакаат сослушување за разјаснување на природата на односот со Џефри Епштајн , доколку претседателот и првата дама сакаат да го сторат тоа, повеќе од среќен сум да им дадам платформа за тоа“,  рече Хантер Бајден.

Портпаролот на Меланија Трамп, Ник Клеменс, изјави дека адвокатите на првата дама активно работат на повлекување на изјавите и добивање извинување од оние што шират злонамерни, клеветнички лаги. 

– Вистинскиот опис за тоа како првата дама го запознала претседателот Трамп е во нејзината бестселер книга „Меланија“ –  рече тој.

Во своите мемоари, Меланија вели дека таа и Трамп се запознале на забава на Неделата на модата во Њујорк во 1998 година и ги запознал агент за модели.

Меланија Трамп му испратила писмо на Хантер Бајден во кое го замолува веднаш да ги отстрани и повлече „лажните, клеветничките, омаловажувачките и провокативните изјави“ што ги дал во видео интервју дека осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн се сретнал со неа и нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, или ќе се соочи со тужба од 1 милијарда долари, дознава „Фокс њуз диџитал“.

Писмото е испратено на 6 август од адвокатот Алехандро Брито, кој ја застапува Меланија Трамп, до Хантер Бајден и неговата адвокатка, Аби Лоуел, и во него јасно е наведено дека доколку Бајден не ги исполни барањата, Меланија Трамп ќе преземе сите законски чекори, вклучително и тужба за отштета од милијарда долари.