Бездомник нашол пари на улица и решил да ги врати на сопственикот: Она што следувало му го променило животот! (ВИДЕО)

Елмер Алварез, бездомник од Њу Хевн, ги нашол парите, чек од 10.000 долари, на улица. Веднаш решил тие пари да му ги врати на сопственикот.

Имено, пронајдениот чек и’ припаѓал на Роберта Хоски, американска милионерка од Њу Хевн. Не верувала дека некој ќе и’ ги врати изгубените пари, па решила на посебен начин да му се заблагодари.

Роберта го пренесувала во живо на Фејсбук моментот кога му ги предаде подароците на Алварез. Милионерката на почетокот објасни дека бездомникот немал поим што се случѕва.

„Не знаевте кој стои зад тој чек. Не сте свесни какво срце имате“, рече таа.

После тоа, таа му врачила сертификат, а потоа му рекла да му даде целосна школска стипендија во Outreach School of Real Estate, каде што таа е претседател.

Таа, исто така, му обезбеди часови по англиски јазик и какво било советување за кариера што тој ја сакал.

Таа му договорила и интервју за работа додека не ги заврши часовите за недвижнини.

Видно запрепастен Алварез рече дека љубезноста на Хоска го инспирирала да се фокусира на создавање подобра иднина за себе и за својата девојка.

,,Само размислував како се чувствува тој што го загуби чекот“, рече Алварез.

Доброто добро се враќа!