БЕШЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО: Еве дали Срѓан Ѓоковиќ го гледа финалето на Новак во Австралија

Сите гледаа во кутијата на српскиот тенисер.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлично го стартуваше финалниот меч против Стефанос Циципас, освојувајќи го првиот сет, што го израдува неговиот клуб, бидејќи овојпат не присуствуваше неговиот татко Срѓан.

Полуфиналниот дуел со Томи Пол го пропушти и таткото на Новак.

Да потсетиме, причината за ова е што Срѓан се најде на видеата каде српските навивачи ја слават победата на Новак, се гледа и таткото на српскиот тенисер Срѓан Ѓоковиќ, а јавноста во Австралија ги оспорува руските знамиња кои ги држат на сликите.