Болка, грчеви во мускулите и ХРОНИЧЕН ЗАМОР – Нема потреба од паника, ви недостасува овој витамин

0

Најголем дел од потребната концентрација телото може да ја добие со изложување на сонце, но многумина сепак ќе мора да посегнат по суплементи или да ја корегираат исхраната.

Витаминот Д се нарекува и  сончев витамин,  а неговите позитивни ефекти врз нашето здравје се повеќекратни. Бројни студии покажаа колку е важно за силен имунолошки систем.

Во однос на неговото дејство, повеќе наликува  на хормон  отколку на витамин, а се почесто се користи во борбата против болестите. Двете најважни форми на витамин Д се:  Д2 (ергокалциферол) и Д3 (холекалциферол).

Дури 80 отсто од нашите дневни потреби за витамин Д може да се произведени во телото при  изложување на сончевите зраци  по само 20 минути. На овој начин, добиваме  Д3 , кој се создава од молекулата 7-дехидрохолестерол . Остатокот може да се надомести со исхрана и суплементи.  

Каде се наоѓа сè?

Витаминот Д2 главно доаѓа од растенија, особено од  печурки и квасец , додека витаминот Д3 доаѓа од животински извори , како што се  масни риби, црн дроб и јајца.  

„Недостатокот на витамин Д може да резултира со тенки и кревки коски, што доведува до остеопороза. Тој исто така игра голема улога во производството на инсулин и функционирањето на имунолошкиот систем “, пишува клиниката Мајо. 

Придобивките од витаминот Д 

Покрај зголемената изложеност на заразни болести, постојат и други причини зошто е  опасно да имате недостаток на овој витамин.  Професорот по неврологија, др. Никол Авена појасни уште некои улоги кои овој витамин ги игра, а една од најважните е  зголемената апсорпција на калциум , кој е многу важен минерал за коските и забите.

На бебињата им се  дава  додаток на витамин Д3 во првата година од животот , бидејќи не смеат да бидат директно изложени на сонце. Тоа е затоа што мајчиното млеко , како и некои млечни формули, не содржат доволно витамин Д, а во тој период бебињата растат многу брзо и  потребата на телото за витамин Д  е многу голема, така што може да се формираат силни коски. 

Симптоми на недостаток на овој витамин 

Се верува дека околу 40 до 50 отсто од светската популација страда од недостаток на витамин Д. Хроничната болка во мускулите , која не е предизвикана од напрегање, и  болката во коските,  која зафаќа поголеми делови од телото, се вообичаени симптоми на хиповитаминоза на витамин Д. Покрај тоа, хроничен замор и намалување на издржливоста за време на вежбањето може да бидат физички показатели дека ви недостасува овој витамин. Недостатокот на витамин Д предизвикува и психолошки симптоми како што се  лошо расположение,  кое може да прерасне во депресија и лош или прекинат сон. 

Колку витамин Д ни треба? 

Витаминот Д спаѓа во групата на витамини растворливи во масти. ЕФСА спроведе научна евалуација и препорачува внесување на  600 IJ  (15 µg) дневно за здрави луѓе. Максималната дозволена дневна доза за бебиња и деца е 4000 IJ (100 µg) на ден. За постарите лица се препорачува поголем дневен внес од 1000-2000 IU. Во случај на потврден дефицит, се применуваат зголемени дози , под надзор на лекар за ограничен временски период.

Консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт за потребната количина на внес на витамин Д.