Бомба од Вашингтон: Бајден испрати во Киев монструоно оружје кое одамна е забрането во поголемиот дел од светот!
Американскиот претседател Џозеф Бајден најави нов пакет вооружување за Украина, кој вклучува касетна муниција.
Администрацијата на Бајден се очекува утре да објави нов пакет помош за оружје за Украина – и тој ќе вклучува касетна муниција, изјавија двајца американски претставници за Ројтерс.
Оружјето, кое првпат беше употребено за време на Втората светска војна, обично фрла голем број мали бомби и е познато дека убива цивили, пишува Гардијан.
Тие не секогаш експлодираат, што претставува иден ризик за цивилите, и се забранети од голем дел од светот според договорот од 2008 година наречен Конвенција за касетна муниција, кој САД, Русија и Украина не го потпишаа.