– Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, ја обвини претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека „зазема целосно произраелски став”.
„Геополитичката цена на патувањето на Фон дер Лајен (во Израел, заб. ав.), каде што таа зазеде целосно произраелски став и не претставуваше никој друг освен себе во меѓународната политика, беше доста висока за Европа“, рече Борел во интервјуто за шпанскиот весник „Ел Паис“.
Високиот претставник на ЕУ го критикуваше досегашниот политички став на ЕУ поради руско-украинската војна и поради израелските напади врз Газа и рече дека „на Западот му се приближува ураган поради неговата политика“.
Осврнувајќи се на книгата „Божествена комедија“ на италијанскиот писател и поет Данте Алигиери, еден од светските класици, Борел истакна дека насилството во Украина и Газа е слично на „кругот на насилство“ што се споменува во оваа книга.
„Путин (рускиот претседател Владимир, заб. aв.) и Трамп (поранешниот американски претседател Доналд, заб. aв.) сè уште не победија, но можеа. Европа мора да се разбуди пред да биде предоцна“, порача Борел.