Борн презентираше план за борба против расизмот, антисемитизмот и дискриминацијата

– Премиерката на Франција, Елизабет Борн денеска го презентираше планот за борба против расизмот, антисемитизмот, антициганизмот и дискриминацијата поврзана со потеклото, со цел младите да бидат помалку ранливи на пораките на омраза.

Борн истакна дека секој ученик за време на школувањето ќе мора да учествува во „посета на историски или меморијален локалитет поврзан со расизам, антисемитизам или антициганизам“, бидејќи одредени вредности се всадени уште од детството.

– Младите се најпогодени од пораките на омраза на социјалните мрежи, истакна Борн.

Новиот план 2023-2026 предвидува низа мерки во различни сектори, од образование до вработување, вклучително и правда и спорт. Меѓу другото, ќе се развијат одредени механизми за пријавување и осуда на говорот на омраза.

Таткото на Борн беше Евреин, кој за време на војната беше депортиран за време на Втората светска војна, а потоа се самоуби кога премиерката имаше 11 години.