“БРАВО ЗА НАШИТЕ МОМЦИ!“ – Володимир Зеленски се пофали со добри резлутати на фронтот: “Детали наскоро…“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во редовното видео обраќање кажа дека украинските сили постигнале „многу добри резултати“ на линијата на фронтот и вети дека наскоро ќе даде детали за нивните успеси.

Нашите момци имаа многу добри резултати на фронтот. Браво за нив! Детали наскоро“, рекол Володимир Зеленски во своето видео обраќање доцна синоќе.

Володимир Зеленски неколку пати претходно изјави дека офанзивата што ја започнаа украинските сили минатиот месец на истокот и југоистокот на земјата се одвива побавно отколку што тој би сакал.