ФОТО | СНЕГ СРЕДЕ ЛЕТО ВО СЛОВЕНИЈА: По неколку дена невреме, на врв од една планина забележани снегулки – погледнете

На профилот на Словенечката агенција за заштита на животната средина (АРСО) на социјалната мрежа Фејсбук објавена е фотографија од планинскиот врв Кредарица на која се гледа како таму паѓаат снегулки.

Словенија, временска прогноза
Кредарица, Словенија

Ова е снимено од камера поставена на врвот, каде што е измерен само еден степен Целзиусов над нулата во локалната метеоролошка станица.

Од АРСО наведуваат дека заладувањето претходно донело големо невреме во Словенија во последните денови, но и оваа неочекувана појава во највисоките региони.