Арсовска: Нема покана од Владата за средба

Засега нема покана од Владата за средба на која ќе се разговара за помошта од централната власт за главниот град, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во гостувањето на Канал 5, коментирајќи ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе ја покани неа и нејзините колеги на состанокот во Владата бидејќи „градот не личеше на ништо“.

„На некој начин може да изгледа комично некој да се обиде да каже дека нешто не е функционално, а притоа да има директен придонес во неговото нефункционирање. Единствено што можам да кажам е да апелира до неговите советници да бидат конструктивни, да работат во интерес на граѓаните, да гласаат за фиксните давачки што ги добиваат секој месец, за проекти кои мора да се реализираат во интерес на граѓаните градот да биде такво место за живеење какво што тој очекува“, рече Арсовска.

Според неа, објавената покана е оспорена од два аспекта.

„Првиот аспект е дека можеби ако на премиерот му се чини дека градот не личи на ништо и најголем придонес имаат неговите советници во градот, кои официјално се во коалиција со ДПМНЕ, па не гласаат за реализација на проектите кои се во интерес на граѓаните. И ако навистина сакаше да му помогне на градот, можеби едно од најдобрите решенија е да ги охрабри своите советници, кои се навистина во голем број во градот Скопје, да гласаат за овие проекти што ги побараа од граѓаните, меѓутоа, овие проекти се исто така од програмата што ја избраа нашите граѓани на последните локални избори“, рече Арсовска.

Вториот аспект, рече Арсовска, е како некој што не може да си помогне, може да му помогне на градот Скопје, додавајќи дека во земјава не е реализиран ниту еден капитален проект, посочувајќи на автопатот Кичево-Охрид и клиничкиот центар, како што нагласи, не се реализираат со години.