Петтото место како најсиромашни во Европа и припаѓа на Македонија, војната ја осиромаши Украина и ја стави на прво место

Листата што ја составува германскиот економски портал Derwensten се базира на БДП по глава на жител, која во Македонија изнесува 6.608 долари.

Северна Македонија, со БДП по глава на жител од 6.608,08 долари, е на петтото место на листата на најсиромашни земји во Европа, подготвена од германскиот економски портал Дервенстен.

На листата на 10 најсиромашни во Европа, Косово е рангирана како втора најсиромашна земја во Европа за 2023 година, по Украина.

Листата е направена врз основа на бруто домашниот производ (БДП) по жител и според рангирањето Србија е на десеттото место со БДП од 10.360,72 долари по глава на жител.

На четврто место е Албанија, чиј бруто домашен производ е 6.457,22 долари, додека на трето место е Молдавија со БДП од 5.671,22 долари.

Најсиромашна во Европа е Украина, со БДП од 4.348,57 долари.

Црна Гора е на деветтото место со БДП од 9.811,86 долари, а Белорусија е на осмото со БДП од 7.859,63 долари.

Седмото место го зазеде Босна и Херцеговина со БДП по глава на жител од 7.337,72 долари, додека Грузија е на шестото место со бруто домашен производ од 6.670,73 долари – пишува порталот Дервенстен.