Холивудскиот заводник Бред Пит неодамна откри детали за својата сексуалност за време на едно интервју.
Имено, 61-годишниот актер беше гостин во подкастот „Armchair Expert with Dax Shepard“, каде што зборуваше за премиерата на филмот „F1“, но и за својот приватен живот.
Во еден момент, тој искрено зборуваше за својата сексуалност и откри дека никогаш не бил со маж.
„Знаеш дека никогаш не сум имал геј искуство. Некако ми недостигаше, но ако го имав, тоа немаше да бидеш ти“, се пошегува актерот, алудирајќи на водителот Дакс Шепард.
Потоа Пит додаде дека водителот Дакс Шепард „може да помине како негово 14-то или 15-то геј искуство“.
„Нема да се фалам, но ќе треба добро да се подготвиш за мене. Препорачувам прво да избереш некои полесни опции“, возврати Шепард на шега.
Бред Пит неодамна проговори за својата борба со алкохолизмот и животот по разводот од Анџелина Џоли. Овој период од неговиот живот беше исклучително бурен за него и тој одлучи да побара стручна помош.
Тој одел на состанок на Анонимните алкохоличари година и пол, откако се разделил од Анџелина Џоли во 2016 година. Сега вели дека на почетокот се чувствувал исплашен кога дошол негов ред да зборува за алкохолизмот, но дека бил охрабрен од другите што отворено зборувале за својот проблем.