Бројот на заболени од карцином во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година

0

Според податоците на Светската здравствена организација, се проценува дека до 2040 година во светот ќе има 28 милиони новозаболени од карцином.

Бројот на заболени од карцином во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година во однос на 2020 година.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), се проценува дека до 2040 година во светот ќе има 28 милиони новозаболени од карцином.

Според овие процени, се очекува до 2040 година да дојде до пораст на заболените од карцином за 54,9 отсто во однос на 2020 година, при што овој пораст ќе биде за 60,6 отсто поголем кај мажите отколку кај жените (48,8 отсто).

Карциномот, кој е втор најчест причинител на смрт, се дијагностицира кај 734.000 луѓе секоја година.

Во 2020 година секој шести случај имал смртен исход.

Според последните податоци, во 2020 година во светот од карцином заболеле над 19,2 милиона луѓе, додека од карцином починале над 9,9 милиони луѓе.

Најчести видови карцином се карциномот на белите дробови, простатата, дебелото црево, желудникот и црниот дроб кај мажите и на дојката, дебелото црево, белите дробови, грлото на матката и тироидната жлезда кај жените.

Годишно околу 400.000 деца во светот заболуваат од карцином.

Значителен број пациенти немаат пристап до навремена дијагноза и лекување.

Од 30 до 50 отсто од смртните случаи поврзани со карцином може да се спречат со рано откривање и ефикасно лекување.

Во земјите во кои здравствениот систем е силен, стапката на преживување на пациентите болни од карцином се зголемува благодарение на факторите како рана дијагноза и квалитетно лекување.

Просечната стапка на закрепнување од околу 50 отсто се зголемува, во зависност од видот.

Третманите како што се операција, хемотерапија и трансплантација на коскена срцевина се најчести третмани за борба против карцином.

Според Меѓународната агенција за истражување на карциномот (IARC), Азија води во однос на бројот на заболени од карцином.

Од оние со дијагноза карцином, над 4,3 милиони живеат во Европа, над 2,5 милиони во Северна Америка, над 1,4 милиони во Латинска Америка и на Кариби и над 1,1 милион во Африка.

Земја со најголема инциденција на карцином во светот во однос на популацијата е Австралија со 468 случаи на 100.000 луѓе, а по неа е Нов Зеланд со 438 случаи.

По овие земји следуваат Ирска со 373 случаи на 100.000 луѓе, Унгарија со 368 случаи, САД со 352 случаја и Белгија со 345 случаи.