Бројот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 10.000

– Бројот на убиени Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа, кој е под блокада, надмина 10.000.

Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кудра, одржа прес-конференција во болницата Шифа, на која информираше за жртвите и повредените лица како резултат на израелските напади.

Кудра нагласи дека бројот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа се зголемил на 10.022.

Тој нагласи дека 4.104 од убиените се деца, додека 2.641 се жени.