Вагнер напредува, Русите копаат засолништа во Москва (ВИДЕО)

0

Руски војници поставиле митралези во југозападниот дел на Москва. На фотографиите објавени од руски весник се гледаат припадници на армијата и полицијата како стојат на влезот во Москва преку автопатот М4. Руската армија наводно подготвила одбрана на реката Ока, која се наоѓа на стотина километри јужно од Москва. Стратешкиот премин го затворија камиони натоварени со песок.

На социјалните мрежи почнаа да кружат видеа на кои се гледа како се копаат ровови на влезовите во Москва. За тоа време, конвојот на Вагнерците напредуваше кон главниот град и тие беа видени во близина на градот Липецк, кој се наоѓа на околу 400 километри јужно од Москва. Ова го потврди гувернерот на овој регион.

Претходно денеска се појави информација дека руската армија го гаѓала конвојот на Вагнер на автопатот М4 користејќи воени хеликоптери.

Истовремено, на социјалните мрежи кружат видеа, наводно направени на влезот во Ростов, на кои се гледаат наредени противтенковски мини покрај патот. Наводно, тие биле инсталирани од семејството Вагнер.