Вака Јокиќ влезе во историјата на НБА! Погодуваше од каде сакаше, правеше магични асистенции, доминираше на подот… Ова се најдобрите потези на Јокиќ од мечот Денвер – Феникс! (видео)
Никола Јокиќ испиша нови страници во историјата на НБА и на мечот во кој Денвер Нагетс ги совлада Феникс Санс (149:141 по продолжение), оствари монструозен трипл-дабл со 31 поен, 21 скок и 22 асистенции, со што стана првиот кошаркар со учинок 30/20 на еден натпревар.
Србинот одигра меч за паметење, постигнувајќи кошеви од каде сакаше, испорача магични асистенции, доминираше на теренот и докажа дека е најдобриот играч во НБА.
По само 22 минути на теренот, тој оствари трипл-дабл (на полувремето имаше 13 поени, девет асистенции и осум скока, на почетокот на третата четвртина додаде уште една асистенција и два скока), а до крајот на мечот само се надополнуваше.
Погледнете ги најдобрите потези на Никола Јокиќ од мечот во кој успеа да испише историја. Ова е навистина чиста кошаркарска поезија! Уживајте…