ВАКВА ДОМИНАЦИЈА НЕ СЕ ПАМЕТИ! Се појави уште една НЕРЕАЛНА информација: Јокиќ успеа да направи нешто што никој не го направил во последните 40 години

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ сезонава продолжува да ги поместува границите во најсилната лига на светот.

Во поразот на Денвер од Сакраменто Кингс (123:117), маестралниот Сомборац постигна импресивен трипл-дабл , негов осми сезонава, а вкупно 113-ти во кариерата во НБА.

Натпреварот го заврши со 36 поени, 14 асистенции и 13 скока.

Посебно импресионира фактот што вторпат по ред оствари трипл-дабл со 30+ поени без загубена топка! Никој не успеа да го направи тоа во последните 40 години.