Вашингтон испрати ултиматум: Трамп ќе каже „готово“

Соединетите Американски Држави ќе престанат да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина во наредните денови доколку нема јасни сигнали дека може да се постигне мировен договор, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.

Тој посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп се уште е заинтересиран за постигнување договор, но дека е подготвен да се справи со „другите светски проблеми“ доколку нема договор меѓу Киев и Москва , пренесува Ројтерс.

„Треба да утврдиме дали е можно да се стави крај на војната во Украина, а ако тоа не е можно, 
претседателот веројатно ќе каже дека е готово “, рече Рубио на прес-конференција во Париз.

Тој вчерашната средба со претставниците на Украина, Франција, Велика Британија и Германија ја оцени како позитивна.