ВЕРА НАПОЛНИ 108 ГОДИНИ И ОВА Е НЕЈЗИНАТА ТАЈНА НА ДОЛГОВЕЧНОСТ: Едно работа никогаш не сум ја направила и затоа сум сè уште жива

Вера Панке од Вирџинија на 30 август го прослави својот 108 роденден . Тим од новинари, пријатели и членови на семејството се собраа да ја прослават неверојатната бројка со познатото прашање – која е тајната на долговечноста .

Вера, која е благодарна што е жива повеќе од еден век, вели дека она што ја одржува во живот е тоа што отсекогаш гледала што ќе се случи утре и никогаш не гледала назад.

„Мојата тајна е секогаш да гледам напред, бидејќи ако погледнам наназад, ќе сфатам дека некои работи не се добри и ми е ужасно. Не сум го правела тоа порано, а нема да го правам ни сега. Не сакам да гледам назад на животот што помина“, рече таа.

Нејзината голема љубов за која живее е модата. Таа поседува над 40 пара чевли и основа клуб за жени кои собираат капи.

„Отсекогаш сум имала пријатели и добро сум организирана. Притискам напред и се трудам да бидам среќна“, рекла Вера, пренесува CNN.

Наводно, една од најстарите жени во светот била сопругата на Коку Истанбул, кој доживеал неверојатни 129 години и починал во 2019 година. За разлика од Вера, Коку пред неговата смрт изјавил: „Живеев толку години, но ниту еден ден не беше среќен. Животот е казна“.