ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ – Натпреварот на Арсенал е одложен откако автобусот по грешка пристигнал во погрешен град

Вести од рубриката „верувале или не“ ни доаѓаат од Англија. Натпреварот до 18 години помеѓу Арсенал и Брајтон се соочи со неочекувано одложување, а причината е повеќе од бизарна.

Првично закажаниот термин во 12 часот беше предмет на одложување од 30 минути пред конечно да биде одлучено дека натпреварот ќе се игра подоцна.

Како што пренесува веб-сајтот на Arsenal Youth, младиот тим на „Топџиите“ по грешка се нашол во Бурнмаут, место на 144 километри од Брајтон, што е возење од речиси два и пол часа.

Тренерот на Арсенал до 18 години е непоразен во последните три натпревари и следната сабота ќе се соочи со Норвич Сити на домашен терен. Таму, пак, не може да се случи автобусот да ги одведе во погрешна насока.