ВИДЕО | Александар Вучиќ во придружба на цела Влада на Србија се обрати до јавноста: “Добивме дојава дека човек со пушка оди по улица, дадов наредба да се ликвидира!“

0

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во петокот, по трагедијата и масовното убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ и масовното убиство во текот на ноќта во три села кај Младеновац, најави нови мерки насочени кон уште построга контрола на оружјето и муницијата, нагласувајќи дека тоа ќе биде многу скоро.

Александар Вучиќ, опкружен со премиерката и министрите на Владата на Србија, се обрати до јавноста на вонредна прес-конференција по масакрот во кој синоќа беа убиени осум, а ранети 14 лица, случај во кој по деветте убиени ученици и училипниот чувар во основното училиште „Владислав Рибнкар“, е второ масовно убиство во последните два дена кај нашите соседи.

По долгото излагање во кое покрај самите убиства опфати голем број теми, Александар Вучиќ одговараше на новинарски прашања и кажа дека најважно е да се спречи ширењето на лаги низ Интернет.

Денеска е одлука на бирото да го подигне нивото на разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата. Ќе работиме согласно мерките што ги донесовме во изминатите два дена. Некои од овие темни страници се враќаат назад во времето. Секој што сака вакви чудовишта да објасни зошто ги сака. Секој што ќе каже дека има спас во пукањето, ќе оди во затвор, па таму нека објасни. И тука ќе бараме поддршка од судиите и обвинителите, а не да се мачиме и чекаме налог за претрес на станот на убиецот. За да не најдеме ништо таму додека не го сретнеме. Како што знаете, не е во согласност со европските стандарди да се влегува во станови и да се врши претрес, но сега ќе биде. А не ние да чекаме“, изјави меѓу другото српскиот претседател.

Александар Вучиќ потоа одговори на новинарско прашање, во кое напомена дека утринава имало и случај во кој вооружен маж шетал по белградските улици.

Ви благодарам за тоа прашање. Утрово во 8 часот и 24 минути добивме информација – лице во црн комбинезон се движи по улицата на ‘Звездара‘ со вперена автоматска пушка во луѓе. Испративме голем број единици со наредба веднаш да го ликвидираат. Се разбира, во согласност со законите. Се разбира, дојавата беше лажна. Но некој слушнал дека има жалба и врз основа на неа е измислен случај. Држете се до официјалните информации, ние не сме убијци, ние сме тука да се бориме со убијците“, вели Александар Вучиќ.