ВИДЕО | ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ СТРАШЕН УДАР ВРЗ СИРИЈА –  Борбите никогаш не биле пожестоки пред почетокот на примирјето

Конфликтот на Блискиот Исток влезе во својот 47-ми ден. 

Израел и Хамас постигнаа договор за четиридневно примирје. Кога точно договорот ќе стапи на сила ќе се знае во следните 24 часа, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар

Претходно, државната медиумска агенција на Сирија SANA, повикувајќи се на воени извори, објави дека израелски авиони истрелале два проектила.

Сириските воздухопловни сили собориле еден од проектилите, додека вториот наводно предизвикал материјална штета, а видео-снимките од овој напад можете да ги погледнете ОВДЕ.

Според информациите, во нападот нема повредени.