ВИДЕО Каков гол на Ерлинг Халанд: Прво погоди од белата точка, а потоа ,,испука” бомба од работ на шеснаесетникот

Тоа беше 39. гол за Халанд во 34. натпревар од Лигата на шампионите.

Синојка се одигра натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и швајцарскиот Јанг Бојс. Натпреварот заврши со резултат 3:0 за Граѓаните, а Ерлинг Халанд одигра уште еден блескав натпревар за англискиот тим .

Норвежанецот на овој натпревар постигна два гола, првиот од пенал, а особено убав беше неговиот втор гол со кој Сити дојде до водство од 3:0. Халанд ја прими топката на работ од шеснаесетникот, отиде лево и се ослободи од противничкиот играч, а потоа силно шутираше со ,,убиствената” лева нога во спротивниот агол на голманот Ентони Рациопи .

Тоа беше 39. гол за Халанд во 34. натпревар од Лигата на шампионите. Норвежанецот минатата сезона беше во одлична форма, а во ист ритам продолжи и оваа година, па заедно со соиграчите ќе се обиде да ја повтори историската последна сезона во која ја освои титулата во англиската Премиер лига, трофејот во Лигата на шампионите и ФА Купот.