ВИДЕО | ‘ПЕКОЛ!’ – Страшна снимка се појави од фронтот во Украина: Група војници отишле да се одморат, верувале дека се на безбедно, но само по неколку секунди погледнете што се случило…

0

На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео од артилериски напад во Украина.

На видеото снимено на еден од фронтовите, може да се види група војници како седат и одмараат, верувајќи дека се на безбедно место, но наеднаш се слуша силен истрел од граната, по што следи страшна експлозија.

Според видео-снимката, малку е веројатно дека некој успеал да преживее.

Видеото е со слаб квалитет и не може прецизно да се утврди дали на него се прикажани украински војници или припадници на руските вооружени сили. Засега ниту една од завојуваните страни не се огласи по објавувањето на видеото.

Засега, според достапните информации не се знае каде точно е направена снимката.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, да потсетиме, кажа дека Украина трпи големи загуби од почетокот на долгонајавуваната контраофанзива.

Владимир Путин кажа дека големата контраофанзива на Украина трае од 4. јуни и дека Киев користи специјално подготвени резерви и напаѓа во четири правци.

Непријателот не беше успешен во ниту еден сектор. Имаат големи загуби“, тврди Владимир Путин и нагласува дека вооружените сили на Украина досега изгубиле најмалку 160 тенкови и 360 оклопни возила.

Во исто време, вели тој, опремата уништена од Русија сочинува 25-30 отсто од вкупниот обем на воени возила што Западот му ги ‘подари’ на Киев.

Украина има загуби што сè уште не сме ги виделе, предизвикани од прецизно оружје со долг дострел на концентрацијата на персонал и опрема. Затоа Украина има многу повеќе загуби“, тврди Владимир Путин.

Според него, вооружените сили на Украина имаат и значителни загуби во персоналот.