ВИДЕО | СТРАВОТ ОД РУСКИТЕ ШПИОНИ ВО ГЕРМАНИЈА Е НА НЕВИДЕНО НИВО – Погледнете како се доставуваат документите до Олаф Шолц…

Германскиот канцелар Олаф Шолц се откажа од плановите за постепено укинување на системот на „пневматски цевки“ од XIX век што се користи за пренос на доверливи документи во неговата канцеларија, бидејќи се покажа како клучна алатка за избегнување на руските шпиони, пренесува The Telegraph.

Канцеларијата во Берлин со децении се потпираше на цевки кои користат компримиран воздух за пренос на хартиени документи помеѓу 36 локации во различни оддели. Системот требаше постепено да биде укинат до 2025 година, но официјалните лица веруваат дека ризикот од следење на електронски и дигитални документи во некои случаи покажува дека старомодна технологија останува најдобрата опција.

Документите најчесто се итни трансакции кои не можат да се препратат електронски или со домашна курирска служба, на пример затоа што подлежат на тајност или мора да бидат потпишани само во оригинали“, објасни портпаролот на германската Влада.

Личната цевка на Олаф Шолц е означена како „1“, додека кабинетот може да се контактира со вметнување документи во цевката „2“, објави германскиот весник Spiegel. Одлуката за задржување на системот првпат ја објави весникот Süddeutsche Zeitung, кој ја истакна загриженоста поради зголемената руска шпионажа од инвазијата на Украина.

Апаратот сè уште интензивно го користат највисоките владини функционери, а месечно во просек се испраќаат по илјада документи низ цевките. Трошоците од 15 илјади евра годишно за водење на системот се исто така релативно евтини, во споредба со неговите антишпионски придобивки.

Германија е позната по тоа што ја задржува застарената технологија во владините организации и одделенија, како што се факс машините, кои често сè уште се составен дел од евиденцијата и комуникацијата. Пневматските цевки, тврдат тие, се редок пример каде едноставната, аналогна технологија може да се покаже подобра за националната безбедност.

Во Велика Британија, разузнавачката и безбедносната организација GCHQ, исто така, се потпираше на пневматски цевки во нејзините канцеларии во Челтенхем за да пренесува доверливи документи до 1980-тите години. 

Германија е особено загрижена за чување државни тајни по минатогодишниот скандал со германски агент кој наводно работел како шпион за РусијаКарстен Линке, висок агент во БНД, еквивалент на воената разузнавачка служба МИ6 во Германија, е обвинет за велепредавство за предавање доверливи документи на Москва. Тој ги негира сите обвиненија за кои може да биде осуден на доживотен затвор.