ВИДЕО | СТРАШНИ СЦЕНИ – Хорор во Турција: Најмалку 12 загинати и 30 повредени во голем верижен судар проследен со пожар

Најмалку 12 лица го загубиле животот, а 31 лице се повредени, од кои тројца потешко, во верижен судир во јужната турска провинција Хатај, објавија турските медиуми.

До судирот дошло во саботата вечерта кога камионот, откако возачот изгубил контрола над возилото, се судрил со друг камион, а потоа удрил во девет автомобили и два минибуса кои биле паркирани во близина, а потоа избувнал пожар.

Тамошниот министер за здравство Фахретин Коча изјавил дека на местото на несреќата се испратени 22 амбулантни возила и три спасувачки екипи.

Господ да ги помилува нашите граѓани кои ги загубија животите, им изразувам сочувство на нивните семејства“, напиша тој во објава на социјалната мрежа Твитер и додаде: „Ќе дадеме се од себе повредените што поскоро да закрепнат“.