ВИДЕО | УБАВА ДЕВОЈКА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГО ТРГНЕ ПОГЛЕДОТ И РАЦЕТЕ ОД НОВАК ЃОКОВИЌ – Таа побарала само едно од Србинот, а снимката е вистински хит

Еден од најдобрите тенисери во историјата на светот, Новак Ѓоковиќ, привлече големо внимание кај обожавателите во Торино, но не само таму, туку и на секое место каде што ќе се појави.

На завршниот Мастерс во првото коло го победи Холгер Руне, а во второто коло беше поразен од Јанико Синер, но пречекот во овој град беше спектакуларен за сите тенисери.

Пред почетокот на натпреварувањето, тенисерите се појавија на заеднички собир, а по тој повод беа пречекани од голем број обожаватели и љубители на тенисот.

Токму во тој момент настана видеото кое стана хит на социјалните мрежи.

На него се гледа убава црнка која ентузијастички го гледа Новак Ѓоковиќ. Не ја трга насмевката од лицето, а од српскиот тенисер побара заедничко „селфи“ односно фотографија.

Вниманието на сите го привлече раката на оваа девојка која неколку пати заврши на раката на Новак Ѓоковиќ, но и на грбот на тенисерот.

@skysport

👑 𝑳’𝒂𝒓𝒓𝒊𝒗𝒐 𝒅𝒊 𝑵𝒐𝒍𝒆 𝑫𝒋𝒐𝒌𝒐𝒗𝒊𝒄 𝒂 𝑷𝒂𝒍𝒂𝒛𝒛𝒐 𝑹𝒆𝒂𝒍𝒆 𝒂 𝑻𝒐𝒓𝒊𝒏𝒐. 𝑩𝒂𝒈𝒏𝒐 𝒅𝒊 𝒇𝒐𝒍𝒍𝒂 𝒆 𝒕𝒂𝒏𝒕𝒊 𝒔𝒆𝒍𝒇𝒊𝒆 𝒑𝒆𝒓 𝒊𝒍 𝒏𝒖𝒎𝒆𝒓𝒐 1 𝒂𝒍 𝒎𝒐𝒏𝒅𝒐 #SkySport #SkyTennis #ATPFinals #Djokovic

♬ suono originale – Sky Sport

За потсетување, Новак Ѓоковиќ во четврток во третото коло за ривал ќе го има Стефанос Циципас.