ВИДЕО | Украинците тврдат дека погодиле уште два руски брода, а објавија и снимка од наводниот напад на Крим

0

Украинските сили тврдат дека нивните беспилотни летала оштетиле два руски амфибиски брода на полуостровот Крим при нападот синоќа.

Како резултат на ноќна операција на територијата на привремено окупираниот Крим, војниците погодија мали амфибиски бродови на руската Црноморска флота“, објави украинската воена разузнавачка агенција на социјалната мрежа Телеграм.

Видео-објавата од украинската воена разузнавачка агенција можете да ја погледнете ОВДЕ.

Сè уште не е познат степенот на штетата. Се наведува дека бил погоден најмалку еден брод од класата „Серна“.

Бродовите наводно превезувале екипаж и оклопни возила, се вели во соопштението за печатот.

Овој извештај не е независно потврден, а засега нема коментар од Русија.

Сепак, познатиот руски блогер со име Rybar објави дека силите на Киев извршиле „комбиниран напад“ на полуостровот, вклучително и напад врз базата на Црноморската флота.

Тој во петокот тврдеше дека Украина се обидела да ја погоди касарната со противбродска ракета „Neptun“ и во исто време испратила четири беспилотни морски дронови да ги таргетираат бродовите.

Според прелиминарните информации, нема повредени меѓу персоналот“, напиша Rybar во објава на социјалните мрежи и додаде: „Но, постојат докази дека непријателот комбинира оружје за да го одвлече вниманието“.

Блогерот Rybar, кој претходно не се срамеше да ја критикува руската Армија, вели дека одбраната на северозападните граници на Крим е „небрежна“.

Не е тајна дека во многу градови на полуостровот има значителен број граѓани лојални на Украина кои му даваат информации на непријателот и ги насочуваат кон руските позиции“, предупреди Rybar во објавата.

Русија го анектира полуостровот Крим од Украина од 2014 година. Седиштето на нејзината црноморска флота е во кримскиот град Севастопол.