Вики ја навреди Карлеуша: Не можам да ја разберам што пее! Го понижи и спектакуларниот концерт на Јелена? (фото/видео)

Фолк пејачката Вики Миљковиќ денеска пристигна расположена за снимањето на новата емисија „Ѕвездите на Гранд“. Со оглед на тоа што минатата недела започна новата сезона, а исцрпувачките снимања веќе се во тек, Вики кажа како се справува со напорниот распоред.

– Се навикнав. Ова ми е седма година по ред, а тоа што имаме 40 серии во сезона, што се снима од недела во недела, веќе ми е рутина – изјави таа на самиот почеток.

Но, многу поинтересна тема беше ЈК.

Она што сите ги интересираше е дали Вики гледа од терасата на еден од многуте имоти кои ги поседува, на локацијата каде ЈК одржа концертна промоција на нови песни.

– Да, слушнав, живеам таму во близина. Ги слушнав песните, не можев баш да разберам што и како, но да, ги слушнав, секако. Јас живеам таму, сите што живеат таму слушнале – изјави пејачката.

Да потсетиме, поп дивата Јелена Карлеуша одржа спектакуларен концерт во ,,Белград на вода”, кој беше потполно бесплатен за сите посетители.

Во продолжение погледнете го интервјуто со ЈК: