Ви откриваме што јаде Лепа Брена: Пејачката во седмата деценија изгледа неверојатно, а една храна целосно елиминирала
Лепа Брена изгледа одлично и во седмата деценија, а познато е дека пејачката одлично се грижи за својот изглед, и внимава на исхраната, а неодамна откри и како изгледа нејзиното мени.
Метаболизмот се забавува со возраста, па затоа е потребно многу повеќе труд за да изгледате добро. Тоа го потврдува и Лепа Брена, која е искрена кога вели дека многу вложува во својот изглед.
– Доколку не вежбате, не се грижите за исхраната, алкохолот и навиките за животниот стил, вашето тело ќе ви даде резултати кои нема да ви се допаднат. Колку се грижиш, тоа е за твое донро. Лесно е да се биде здрав, убав и убав на 25 години, но кога имаш повеќе од четириесет, тогаш тоа е вистинска спортска дисциплина – изјави неодамна пејачката која има посебно мени.
Ден 1
Појадок: кајгана со пиперки и печурки;
Ручек: чинија со зеленчук, 200 гр месо на скара, салата од свеж зеленчук по избор;
Вечера: салата од туна со сусам.
Ден 2
Појадок: салата и 2 варени јајца;
Ручек: чинија со зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук, по желба;
Вечера: салата.
Ден 3
Појадок: омлет со брокула и сирење;
Ручек: чинија со зеленчук, 150 гр стек на скара, салата од свеж зеленчук;
Вечера: Медитеранска салата од туна.
Ден 4
Појадок: омлет и салата;
Ручек: чинија супа, 200 гр бело месо на скара, салата од свеж зеленчук;
Вечера: Цезар салата.
Ден 5
Појадок: мафини со пиперки, печурки и јајца;
Ручек: чинија со зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук.
Вечера: витаминска салата со коцки месо.
Ова го повторувала постојано!