Влаховиќ и Манчестер Јунајтед? Приказната е завршена! Договорен трансфер вреден 74 милиони (видео)

Манчестер Јунајтед го комплетираше трансферот на Матеус Куња (25) од Вулверхемптон, пишува информираниот инсајдер Фабрицио Романо и додава дека бразилскиот напаѓач се согласил да потпише за клубот од Олд Трафорд.

Се преговараат последните детали од договорот, како и исплатата на отштета на неговиот клуб. Се очекува Јунајтед да ја активира откупната клаузула за Куња, која изнесува нешто повеќе од 74 милиони евра.

Оваа сезона, на 31 натпревар во Премиер лигата за Вулверхемптон, Куња постигна 15 гола и има шест асистенции. Тој е израмнет на осмото место на листата на стрелци. 

Тој е во Вулверхемптон од почетокот на 2023 година, кога првпат дојде на позајмица од Атлетико Мадрид, а потоа остана кај „волците“ во трансфер вреден 50 милиони евра.

Куња ја започна својата професионална кариера во Сион, Швајцарија, каде што пристигна од Бразил на 18-годишна возраст. 

После тоа, тој играше за РБ Лајпциг и Херта, од каде што беше продаден на Атлетик за 35 милиони евра. Освен головите, оваа сезона на Куња беше обележана и со суспензии. 

Во јануари, тој беше суспендиран на два натпревари поради судир со член на тренерскиот штаб на Ипсвич, а во март доби казна за судир со дефанзивецот на Борнмут со српски корени, Милош Керкез. 

Да потсетиме, во претходните недели често се споменуваше дека Душан Влаховиќ би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ како засилување во нападот, но доаѓањето на Куња практично значи дека нема никаква врска со српскиот репрезентативец. 

Тој речиси сигурно ќе го напушти Јувентус, но следната локација сè уште е непозната.