Влегол во винаријата и ги отворил цистерните, истекле 60.000 литри вино вредно 2,5 милиони евра – безбедносните камери го фатиле моментот во Шпанија
Ова е шокантниот момент, кога човек истури 60 илјади литри скапо вино кое чинело 2,5 милиони евра.
Страшниот настан се случил во една шпанска винарија, кога нејзиниот сопственик Хозе Моро останал без она што најмногу го сака.
Безбедносните камери го снимиле моментот кога човек трча кон џиновските резервоари на кои им ги отвора капаците и скапото вино почнува да се излева на земја.
Овој вандалски чин се случил во винаријата Цепа 21 во Кастриљо де Дуеро, Ваљадолид, Шпанија.
Локалните медиуми јавуваат дека 60.000 литри вино се истуриле на земја – доволно за да се наполнат 80.000 шишиња.
Винаријата е во сопственост на Хозе Моро, познат одгледувач кој ги продава своите производи ширум светот.