ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, оценувајќи дека неговите тврдења за „емисари“ од опозицијата се „фикции и сценарија што постојат само во неговата имагинација“.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ДУИ и СДСМ се во паника, па затоа создаваат такви клевети.
„Со ваквите изјави, Османи се обидува да ја скрие паниката во која се наоѓаат ДУИ и СДСМ пред сигурен изборен пораз. Таквите трикови не поминуваат ни во градинка. Единствената порака што ја носат нивните претставници е повикот за одговорност против криминалниот картел ДУИ-СДСМ. Османи денес не е ништо повеќе од последниот портпарол на картелот што граѓаните го познаваат одамна. Но, неговата одбрана е залудна – нема повеќе пазарење и политичко мешање зад грбот на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата на Мицкоски соопшти дека по 19 октомври, ДУИ и СДСМ ќе одат во политичка пензија.