Македонија дигитално се трансформира, со донесување на првиот Закон за сајбер безбедност, 120 нови електронски услуги и признавање на електронски документи, се вели во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, државата имала заостаната дигитализација, додека сега се развива во современи услови.
Целосното соопштение:
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја наследи Македонија со целосно заостаната дигитализација. Наместо да ги унапредуваат дигиталните услуги во текот на седумте години владеење на СДСМ, тие како да сакаа да ја вратат земјата децении назад. Сепак, за една година владеење, ВМРО-ДПМНЕ покажа колку напорно работи во интерес на државата и граѓаните и почна да ги гради темелите за дигиталната трансформација на Македонија.“
Со цел намалување на административните проблеми, забрзување и олеснување на административните процедури за граѓаните, на националниот портал uslugi.gov.mk се воведени 120 нови електронски услуги за граѓаните.
Најкористените услуги од страна на институциите, како што се потврда за немање криминално досие, електронски извод од матичната книга на родените, електронски сертификат за државјанство и потврда за набавка на оружје, ги направивме целосно достапни електронски.
За да можат ваквите електронски документи да имаат иста важност како и оригиналните издадени од институциите, направени се измени во Законот за електронски документи, со кои документите се признаваат како целосно важечки.
Нови административни центри за услуги (ЦУ) беа отворени за граѓаните во Аеродром, Јегуновце и Штип, во кои вработените во министерството посредуваат за граѓаните при… аплицирање и издавање на повеќе од 300 услуги од порталот.
Со отворањето на вакви центри, ги доближуваме административните услуги до граѓаните кои не се во можност да користат интернет, да патуваат до централните институции или немаат доволно знаење за користење на електронски уреди.
За поголема безбедност и заштита на податоците, беше донесен Закон за сајбер безбедност, кој за прв пат во земјата предвидува закон за безбедност на мрежите и информациските системи.
Беше донесен Закон за медиуми, кој по повеќе од 12 години ги признава издавачите на онлајн медиуми – интернет публикации – во закон.
Меѓу другото, одобрена е забрана и за 226 нелегални организатори на онлајн коцкање. Најголем број млади луѓе, тинејџери, се погодени од пандемијата на коцкање, особено преку нелегално коцкање организирано преку онлајн платформи, што претставува ризик од кражба на лични податоци, како и злоупотреба на платежни картички.
Во подготовка е владина Супер апликација (SupperApp) која е планирана да биде лансирана во октомври 2025 година, со помош на која граѓаните ќе ги имаат своите лични карти и возачки дозволи во електронска форма, а Владата и министерствата ќе добијат заштитени и унифицирани веб-страници.
„Ги градиме темелите на промените.“